Големина на фонт Печати

Постапки што треба да ги превземе осигуреникот или оштетеното лице кога ќе се случи штетен осигурен настан

Осигурување од автомобилска одговорност и каско осигурување на М/В

1. За случена сообраќајна незгода да го извести Министерството за внатрешни работи и да го пречека дозѓањето на полицискиот службеник заради вршење на увид на лице место.

2. Да ги размени со другите учесници во незгодата личните податоци и податоците за осигурителното покритие.

3. Доколку во сообраќајната незгода е причинета мала материјална штета до вкупен износ од денарска противредност на 750 евра и нема повредени или загинати лица тогаш учесниците во сообраќајната незгода можат да пополнат и потпишат Европски извештај за сообраќајна незгода.

4. Европскиот извештај не се изготвува во случаи кога :
- едно од возилата нема регистерски таблички или истото не е осигирано
- едно од возилата има странски регистерски таблички
- еден од возачите е очигледно под дејство на алкохол, дрога или други психотропни сустанци.
- еден од возачите не поседува соодветна возачка дозвола
- еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци и
- еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода.

Во овие случаеви задолжително е известување на МВР заради извид на лице место и изготвување на Записник.

5. Доколку осигуреното возило има каско осигурување, а сообраќајната незгода се случи во странство, тогаш задолжително е потребно изготвување на полициски записник за незгодата, а при враќање на оштетеното возило во земјата задолжително се пријавува оштетеното возило  на граничен премин при влез во земјата на надлежниот полициски службеник.

6. Доколку се случи штетен настан во странство по вина на странски осигуреник, штетата задолжително се пријавува во странска осигурителна компанија каде е осигуран причинителот на штетата , која ја спроведува понатамошната постапка за исплата на штетата.

7. Доколку се случи штетен настан во земјата, по вина на странско моторно возило, штетата се пријавува во Националното биро за осигурување на РМ, кое определува која осигурителна компанија Во земјата ќе врши обработка на штетата, во име на странската осигурителна компанија.


Осигурување од туристичка помош – патничко осигурување

1. Доколку се случи осигуран штетен настан определен во условите за осигурување, осигуреникот е должен веднаш телефонски да го извести осигурувачот или од негова страна определениот партнер КОРИС ИНТЕРНАЦИОНАЛ-Париз за истиот, и да постапува по добиените напатсвија од негова страна. Доколку осигуреникот не се придржува до роковите за пријава на штата и напатствијата од страна на осиуреникот или неговиот партнер, максималното осигурително покритие по полисата изнесува 150 евра.

2. После враќање во земјата во рок од 8 дена да ја пријави штетата во просториите на осигурувачот во Скопје или во најблиска агенција односно експозитура заради нејзина понатамошна обработка


Други видови на осигурувања

1.Доколку се случи штетен осигурен настан, осигуреникот е должен да ги превземе сите неопходни мерки да ги намали последиците на штетата, да ги извести надлежните државни органи за настанатата штета доколку е тоа регулирано со позитивните законски прописи, и во пропишана форма, рокови и обрасци да ја пријави штетата кај осигурувачот во неговата Генерална дирекција или мрежата на Агенции и експозитури во РМ.

Назад до врв