Во кој временски рок е потребно да се пријави настаната штета ?
Штетата се пријавува во рок од 3 дена од
настанувањето на штетниот настан по сите видови на осигурување , освен по
осигурување од незгода каде штетата се пријавува најрано 3 месеци од денот на
настанувањето на повредата. Настанатата штета може да се пријави и покасно
меѓутоа мора да се испочитува утврдениот рок за застареност на побарувањата
определен со Закон за облигациони односи.