Документи
Правила за покривање на штети
1. Пријавување на настанат штетен настан-штета се врши во рок од 3 дена од денот на настанување на штетата за сите класи на осигурување, освен за настанати штети по основ на осигурување од незгода кога штетата се пријавува најрано 3 месеци од денот на настанување на повредата. Настанатата штета може да се пријави и покасно, меѓутоа мора да се испочитува утврдениот рок за застареност на побарувањата определен со Закон за облигациони односи.
2. Сите настанати штети по сите видови класи на осигурување настанати на територијата на град Скопје, се пријавуваат во Генералната дирекција на Друштвото.Настанатите штети во другите градови на Република Македонија се пријавуваат во најблиската агенција односно експозитура на Друштвото, а може и во Генералната дирекција на Друштвото во Скопје.
3. Пријавувањето на штетата се врши задолжително во писмена форма на образец – пријава за настаната штета за пооделен вид на осигурување, во кој треба да се пополнат сите барани податоци во образецот, без исклучок.
4. Пријавувањето на настаната штета го врши осигуреното лице, оштетеното лице, или негов полномошник (клиент). Овие лица можат и усно, телефонски, по факс или мејл да ја најават штетата пред писмено да поднесат пријава но најкасно во рок од два дена. Во исклучителни случаи, кога е потребно да се изврши итен извид и процена, најавената штета се смета за пријавена, меѓутоа повторно треба клиентот да достави писмена пријава во рок од два дена.
5. По приемот на пријавата во писмена форма, вработениот на Друштвото кој ја прима пријавата проверува:
- дали е пријавата уредно и во целост пополнета;
- дали има важечка полиса на осигурување;
- дали има осигурително покритие со скаденца и соодветен вид на осигурување на пријавената штета.
После извршената проверка, пријавената штета се евидентира во Книгата за пријавени штети по хронолошки ред, а потоа се евидентира и електронски во софтверот на Друштвото за штети. На клиентот му се издава во писмена форма бројот на пријавената штета. Вработениот на Друштвото кај кого се пријавува штетата врши проверка на документцијата која ја доставува клиентот и евидентира на посебен образец дали е истата комплетна. Доколку недостасува документација потребна за решавање на штети, определена за секој посебен вид на осигурување во овие процедури, вработениот го информира клентот и задолжително му дава писмен документ во кој е наведено која документација е потребно да се достави за решавање на штетата. Клиентот со свој потпис потврдува дека го примил известувањето за потребната документација. Известувањето за потребна документација се изготвува во два примероци, од кои еден за клиентот, а другиот останува во оформениот предмет за штетата.
6. Доколку клиентот пријавува штета во агенција-експозитура на Друштвото во градовите во РМ, вработениот во агенцијата-експозитурата пополнетата пријава за настаната штета веднаш ја доставува по факс или е-маил до референтот за пријава на шети во Дирекцијата за ликвидација на штети и регреси во Генералната дирекција на Друштвото во Скопје, каде веднаш се евидентира штетата хронолошки во книгата за пријавени штети и во софтверот за штети, а веднаш потоа се известува агенцијата за бројот на пријавената штета, и се даваат инструкции за понатамошно постапување во зависност од видот и обемот на штетата. Вработениот во агенцијата во истоветна постапка од т.5 врши првична проверка на документацијата и писмено информирање на клиентот за потребната документација.
7 Пријавувањето на штети по сите видови на осигурувања се врши на шалтерот за пријава на штети во Генералната дирекција во Скопје од страна на референтот за пријава на штети и информации, или во Агенцијата-експозитурата на Друштвото од страна на вработените во нив.