Општи

Кое е работното време на Евроинс агенциите и канцелариите ?

Работното време е од 8:00 часот до 16:00 часот низ цела држава

Што е неопходно да се направи ако се изгуби полисата за осигурување ?

При губење на полисата можете да го известете агентот и да добиете дупликат од истата на полиса без број.

Како треба да се пријави штета и кои се потребните документи ?

За најбаво информирање посетете го линкот за клиенти и правила за покривање на штети ,  во кој се наведени сите потребни документи кои се потребни да се пријави штета од било кој вид.

Кои видови на осигурување можам да ги направам во Евроинс ?

Линкот за продукти е најдобро да се посети на нашиот сајт , каде што можете да видете сите видови на осигурување кои ги нуди нашата компанија и да прочитате детали за истите.

Можам ли да пријавам штета за возило кое не е регистрирано на мое име ?

Штета се пријавува во кое се наведува и сопственикот на возилото на чие име истото е регистрирано , но сепак возачот е тој што ја направил штетата и кој ги знае условите под кои истата настанала , со што битно е да се наведе тој што вози во моментот кога е настанат штетен настан.

Во кој временски рок е потребно да се пријави настаната штета ?

Штетата се пријавува во рок од 3 дена од настанувањето на штетниот настан по сите видови на осигурување , освен по осигурување од незгода каде штетата се пријавува најрано 3 месеци од денот на настанувањето на повредата. Настанатата штета може да се пријави и покасно меѓутоа мора да се испочитува утврдениот рок за застареност на побарувањата определен со Закон за облигациони односи.

Каде можам да пријавам штета ?

Штета се пријавува во Централна Дирекција на Евроинс Осигурување во Скопје во Секторот на Штети , или пак во секоја овластена агенција низ целата територија на Македонија каде што имаме наша агенција или експозитура , со што понатаму агенцијата или експозитурата соодветно е одговорна да ја извести Централната Дирекција за настаната штета.

Назад до врв