Големина на фонт Печати

Кратка историjа

ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е четвртата осигурителнa компаниja основана на територијата на Р.Македонија со лиценца за вршење на работи на осигурување на имот добиена од Министерството за финансии во 1995 година, регистрирано не ден 22.07.1995 година во Скопје.

Мисијата која како задача си ја постави пред себе раководната структура на тогашно ТД за осигурување МАКОШПЕД ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, беше навистина амбициозна, но не и неостварлива: освојување на позицијата на лидер на пазарот во оваа дејност. Компанијата се определи за офанзивен настап и врвен квалитет во сите сфери на своето работење, домаќински водејќи сметка за менаџмент на превземените ризици согласно капацитетот на компанијата.

Реултатот од доброто работење не изостана. Се бележат позитивни финансиски резултати, стекнува постојана клиентела со избалансиран портфел во сите видови неживотно осигурување.

Еден од големите исчекори напред беше направен во 2003 година кога Одборот на директори донесе одлука за проширување на Друштвото надвор од рамките на Скопје, преку формирање на продажна мрежа низ Македонија, како и воведување на задолжителните осигурувања – автоодговорност и зелен картон.
 
Најголемиот пресврт во Друштвото се случи во март 2008 година кога  компанијата ЕВРОИНС ИНШУРАНС ГРУП (EIG) Софија од Р.Бугарија (членка на Холдинг компанијата ЕВРОХОЛД БУГАРИЈА АД), преку купување на мнозинскиот пакет на акции, стана мнозински акционер во МАКОШПЕД ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје со над 90% во основниот капитал на друштвото. По ова следуваше и ребрендирање на компанијата, внесувајќи го високо реномираиот бренд – ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје односно EUROINS INSURANCE S.C. Skopje, оставајќи го МАКОШПЕД ОСИГУРУВАЊЕ во историјата, и преоѓајќи на повисоко ниво во осигурителниот бизнис во регионот.

Усогласувањето со Измените и дополнувањата на законот за супервизија на осигурување,  придонесе јакнење на капацитетот на Друштвото до вкупните 3.000.249,72 евра основна главнина, со што се отвори патот за уште поамбициозен настап на пазарот, овојпат со поголема финансиска моќ.

ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје денес е модерна и динамична осигурителна компанија со над 150 вработени во сите градови во Македонија која го држи чекорот на осигурителната дејност врз принципите на реалност, но и флексибилност кон условите на пазарот и потребите на своите клиенти. Амбициозните развојни планови за работа во наредните години, го определува и едниствениот можен начин по кој и овие планови можат да се реализираат. Тоа е професионално и посветено извршување на обврските, без импровизации.

Трговскиот модел на компанијата има за цел да понуди осигурителни продукти, кои покриваат широк спектар на ризици, обезбедувајќи комплексна осигурителна понуда на своите клиенти. Портфелот на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје опфаќа 10 класи на неживотно осигурување од различни ризици и тоа:

  1. Осигурување од последица на несреќен случај – незгода (вклучувајќи индустриски повреди и професионални заболувања), во случај на смрт или нарушување на здравјето поради повреда;
  2. Осигурување на моторни возила (каско);
  3. Осигурување на пловни објекти (каско);
  4. Осигурување на стока во транспорт (карго);
  5. Осигурување на имот од пожар и природни непогоди;
  6. Други осигурувања на имот;
  7. Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила;
  8. Осигурување од одговорност од употреба на пловни објекти;
  9. Општо осигурување од одговорност;
  10. Осигурување на туристичка помош за лица кои се соочуваат со проблеми при патување или други случаи на отсуство од дома или од постојаното место на живеење.

Денес, ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје преставува колектив на динамични и едуцирани кадри кои се подготвени да прифаќаат ризици и кои секој празен пазарен простор го сметаат за шанса. На овој начин станавме компанија со најголема експанзија во 2008 година во осигурителниот бизинис, со широко распоространета мрежа низ земјата и со афирмирано присуство во клучните регионални и административни центри преку вработените и застапниците во осигурување.
 Оригиналност, современост, атрактивност ... ова се одликите на маркетиншките вредности на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје. Тоа е спој на емоции, уметност и промоција, каде се негува трајната комуникација со постоечките и потенцијалните клиенти.

Назад до врв