Големина на фонт Печати

Осигурување од Незгода

Незгода: смрт од болест или несреќен случај и повреда
Општа документација
· Пријава на штета / Барање за надомест на штета
· Полиса (освен за колективно осигурување на работници/ ученици/ студенти)
· Лична карта- фотокопија
· Лекарска документација,
· Трансакциона сметка -копија на картичка

Дополнителна документација
Кај полисите за осигурување незгода, странката дополнително треба да  достави дополнителна документација до ДЛШР. Во зависност од видот на склученото осигурување потребна е следната дополнителна документација:

Смрт од болест
· Кај колективно осигурување од незгода- архивски заверена Потврда за платена премија, (дека работникот/ученикот/студентот е осигурен од незгода)
· Лекарска потврда за причина на смртта, отпусна листа
· Извод од матична книга на умрени на осигуреникот; Извод од матична книга на умрени на член од потесното семејството (доколку има некој починато)
· Извод од матична книга на родени за децата
· Решение за старателство (доколку корисникот е малолетен)
· Ако не е назначен корисникот потребно е целото семејство на осигуреникот да дојде во Друштвото (со лични карти) и да даде Изјава за одредување корисник на осигурена сума.
· Доколку станува збор за самоубиство потребен е Записник од МВР
· Фотокопија на трансакциона сметка.

Смрт од несреќен случај
· Записник од МВР
· Кај колективно осигурување од незгода- архивски заверена Потврда за платена премија (дека работникот/ученикот/студентот е осигурен од незгода)
· Лекарска потврда за причина на смртта, отпусна листа
· Извод од матична книга на умрени на осигуреникот; Извод од матична книга на умрени на член од потесното семејството (доколку има некој починато)
· Доколку осигуреникот имал малолетни деца- Извод од матична книга на родени за децата
· Решение за старателство (доколку корисникот е малолетен)
· Ако не е назначен корисникот потребно е целото семејство на осигуреникот да дојде во Друштвото (со лични карти) и да даде Изјава за одредување корисник на осигурена сума.
Фотокопија на трансакциона сметка.

Повреда
(ако во полисата се опфатени само трите основни ризици, не се бараат документи за боледување и трошоци за лекување)
· Кај колективно осигурување од незгода- архивски заверена Потврда за платена премија (дека работникот/ученикот/студентот е осигурен од незгода)
· Ако станува збор за физички напад странката пополнува Пријава за повреда предизвикана од физички напад (истата се доставува во МВР на заверка)
· Целокупна медицинска документација- прв лекарски наод по повредата и сите контролни прегледи (отпусни листи, специјалистички и рентгенски извештаи, рентгенски снимки и сл.)
· Сите боледувања:
    - од матичен лекар- Извештај за привремена спреченост за работа
    - од Комисија- Оценка за привремена спреченост за работа(боледување) од 16-60 дена и над 60 дена
· Сметки за нужни трошоци за лекување (исклучиво оригинал со печат, датум, име и презиме и амбулантен број и фискалана сметка .
· Пријава за несреќа на работа(повредна листа) со Мислење од Фондот за здравствено осигурување
· Доколку Пријавата за несреќа на работа не е изготвена на време, потребен е Записник за настаната повреда изработен од Компанијата каде е вработено, или Записник од инспекција на труд
· Записник од МВР (во случај на сообраќајна несреќа, повреда со оружје и сл.);
· Анализа на крв за алкохол- доколку во записникот нема наведено, а стои дека е земено крв за анализа
· За боледување на ученик потребно е:
    - Лекарска потврда од матичен лекар за должината на боледувањето
    - Доколку матичниот лекар на дал потврда треба Потврда од класен раководител за должината на отсуствувањето(на лист со печат од училиштето)
    
Ако повредата настанала на спортски натпревар или тренинг потребна е Потврда од клубот (на нивен меморандум) со опис на настанот

Назад до врв