Големина на фонт Печати

Евроинс Осигурување со нов производ на пазарот – ЕВРО КАСКО

Mакедонската компанија, Евроинс Осигурување, го пушти во промет новото ЕВРО КАСКО по промотивна цена од 5 Евра за годишна каско полиса


Скопје, 14.Октомври 2011. – На денешната конференција за медиуми одржана во просториите на Евроинс во ТЦ Соравиа, компанијата го претстави новото ЕВРО КАСКО - најдостапен продукт од областа на авто осигурување појавен досега на пазарот во Република Македонија. При регистрирање на патничко возило во Евроинс со доплата од  5 Евра се добива годишна Каско полиса која покрива штета од 200 Евра. Овој производ може да се набави во повеќе од 50 продажни места на Евроинс низ целата земја.

 Јанко Николов, Извршен директор во Евроинс, смета дека новото Евро Каско во целост ќе ги задоволи барањата и потребите на најголемиот дел од сопствениците на патнички возила во државата, а според цената е најдостапниот производ во моментов во Македонија во својата класа. Очекуваните резултати се продажба од над 4.000 илјади Евро Каско полиси за време на промотивниот период од 3 месеци.

 Г-динот Николов нагласи дека за првпат во Македонија имаме продукт кој ќе го заштити автомобилот на оној кој ја предизвикал незгодата бидејќи класичното Каско кое ја дава таа можност според цената е недостапно за најголемиот дел од граѓаните. Затоа во компанијата се очекува масовен интерес за овој производ на Евроинс кој е во правец на директна заштита на своите клиенти бидејќи задолжителното осигурување од автоодговорност не го овозможуваше тоа.
Овој производ е резултат на неколку месечни детални истражувања на пазарот во Македонија и постојана комуникација со целната јавност и следење на потребите на своите клиенти. Производот се однесува само на физички лица.

 ###

 За дополнителни информации  молиме контактирајте со:

Весна Ангеловска

Евроинс осигурување

Тел:  02 3 228 904, локал 111

v.angelovska@euroins.com.mk  


За Евроинс Осигурување

ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е четвртата осигурителнa компаниja основана на територијата на Р.Македонија која отпочнува со работа во 1995 година. Најголемиот пресврт во Друштвото се случи во март 2008 година кога  компанијата ЕВРОИНС ИНШУРАНС ГРУП (EIG) Софија од Р.Бугарија (членка на Холдинг компанијата ЕВРОХОЛД БУГАРИЈА АД), преку купување на мнозинскиот пакет на акции, стана мнозински акционер во МАКОШПЕД ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје со над 90% во основниот капитал на друштвото. По ова следуваше и ребрендирање на компанијата, внесувајќи го високо реномираниот бренд – ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје односно EUROINS INSURANCE S.C. Skopje, оставајќи го МАКОШПЕД ОСИГУРУВАЊЕ во историјата, и преоѓајќи на повисоко ниво во осигурителниот бизнис во регионот.
Евроинс осигурување АД Скопје е модерна и динамична осигурителна компанија со над 120 вработени во сите градови во Македонија која го држи чекорот на осигурителната дејност врз принципите на реалност, но и флексибилност кон условите на пазарот и потребите на своите клиенти.


За EUROHOLD групата


EuroHold е компанија со седиште во Бугарија и меѓународно дејствување на територијата на балканот во областа на не-банкарските финансиски услуги, продажба на автомобили, лизинг и осигурување. Холдингот се состои од четири групации и тоа: (Euroins Insurance group, Avto Union Group, Eurolease Group и EuroFinance). Во делот на осигурителниот бизнис EuroHold е доминантен сопственик на Euroins Romania, Euroins Macedonia, Euroins Bulgaria, Euroins Health Insurance а поседува и 10 % удел во Takovo Serbia.

 


Назад до врв